ПСЖ подготвува понуда за Иван Ракитиќ до крајот на овој преоден рок, но францускиот првак ќе мора да ја плати клаузулата во неговиот договор со Барселона ако сака да го доведе Хрватот на „Паркот на принцовите“. Џанлуиџи Буфон беше единственото звучно засилување на ПСЖ летово, но тренерот Тухел не е најзадоволен од опциите што ги има за средниот ред.
Покрај Ракитиќ се покажуваше сериозен интерес и за Бускетс, но шпанскиот репрезентативец ќе потпише нов договор со клаузула од 500 милиони евра, што го прави недостапен за ривалските клубови. Од друга страна, договорот на Ракитиќ е до 2021 година и има клаузула од 125 милиони евра од која Барса не сака да отстапи.
„Иван Ракитиќ е играч на Барселона и не е за продажба. Ако некој сака да го купи ќе мора да ја плати неговата клаузула, не се возможни никакви преговори за негов трансфер“ – гласи ставот на Барса, испратен до раководството на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА