Долго време Барселона го кршеше отпорот на третолигашот Гвадалахара во 1/16 финалето на Купот на Шпанија. Успеа дури во 77. минута преку Кристенсен, и тоа откако топката удри еден од играчите на Гвадалахара, и заврши во мрежата на домашниот тим. Потоа на 0-2 зголеми Рашфорд во 90. минута од средбата.
Барселона имаше повеќе од играта, повеќе од шансите, но дури на крајот успеа да го скрши отпорот на третолигашот, кој не се посрамоти против големиот фаворит. Напротив, при 0-1, имаше и одлична шанса која повратникот на голот Тер Штеген успеа ад ја одбрани.
Реал Сосеидад исто така се спаси од бламажа, откако во 96 минута дојде до победата над Елденсе со 1-2. Елче славеше минимален триумф над Еибар со 0-1, додека Депортиво со 1-0 ја елиминираше Мајорка. Валенсија овој пат ја немаше помошта од Димитриевски, но успеа да слави над Хихон со 0-2 на гости.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

