Барселона лесно и убедливо славеше на гостувањето во Данска против ГОГ со резултат 28-41, стигнувајќи до рутински бодови на овој дуел. Победникот беше решен уште во првото полувреме што каталонскиот гигант го доби со 14-21, продолжувајќи со атомски напад до самиот крај на мечот и постигнувајќи 41 гол.
Нилсен бранеше одлично во татковината и собра 16 интервенции за Барса, додека во нападот најефикасни беа Фраде со девет пред Гомез Абелјо и Нгесан со по седум погодоци.
Серијата слаби игри на Загреб продолжи со уште еден пораз во ЛШ, овојпат на гостувањето во Унгарија со резултат 32-26. Хрватскиот првак целосно парираше до 26-26, но во последните шест минути не постигна ниту еден гол, што домаќините го искористија за да стигнат до победата.
Марио Шоштариќ со девет гола беше предводник на Сегед, седум постигна Јелиниќ, додека прв стрелец на Загреб во овој најнов пораз беше Биалауски со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

