Барса донесе одлука: Рашфорд останува на „Камп Ноу“

Маркус Рашфорд и во иднина ќе продолжи да ги брани боите на Барселона откако управата на каталонците донесе одлука да ја активира клаузулата за откуп на неговиот договор со Манчестер Јунајтед.

Англичанецот пристигна минатото лето на едногодишна позајмица од Јунајтед, а Барса има можност за 30 милиони евра целосно да го откупи неговиот договор со „црвените ѓаволи“. Ханси Флик и клупската управа се задоволни од она што Рашфорд го покажува, залагањето на секој меч иако многу често влегува од клупата за резерви, а фактот дека врвен голгетер е достапен за скромни 30 милиони евра го прави многу интересен за бројни тимови во Англија, но и пошироко.

Поради ова каталонците веќе го информирале Манчестер Јунајтед дека клаузулата ќе биде активирана, а сумата од 30 милиони евра според договорот меѓу клубовите ќе биде исплатена на три годишни рати.

Со останувањето на Рашфорд каталонскиот тим задржува значајно оружје во нападот, но Барса се уште е во потрага по класична „деветка“ што би го зазела местото на Роберт Левандовски, кој летово сигурно ќе си замине од „Камп Ноу“.

Се вчитува...