Барселона ја продолжи импресивната серија во шпанската Ла Лига, откако стигна до цел плен на уште едно тешко гостување, овојпат против Вилјареал.
Каталонците стигнаа до заслужен триумф од 0-2 откако рано поведоа со пеналот на Рафиња, додека домаќините можат да жалат за нереализираните шанси при 0-1.
Мечот доби поинаков тек откако Веига заработи директен црвен картон за старт врз Јамал пред крајот на првото полувреме, Барса потоа ја презеде иницијативата и во второто полувреме токму преку Јамал стигна до втор гол, за заслужена победа со која каталонскиот гигант повторно има „плус четири“ во однос на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

