Голем пресврт се случи за само неколку минути игра во финалето од Копа дел реј откако Реал Мадрид со два брзи гола стигна до предност од 2-1 против вечниот ривал Барселона.
Каталонците долго делуваа во целосна контрола, промашија и шанси за 2-0, а казната ги стигна експресно. Мбапе од слободен удар израмни на 1-1, а додека Барса уште беше во нокдаун фудбалерите на Реал постигнаа и втор гол.
Чуманени беше стрелец со глава откако Французинот неочекувано се најде осамен по еден корнер од левата страна и го матираше немоќниот Шчесни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА