Барселона е во паника по последните информации кои доаѓаат од европскиот фудбал, а кои велат дека Манчестер сити подготвува мегапонуда за да го доведе во своите редови Лионел Меси. Аргентинецот начелно ги договори условите за продолжување на соработката, но новиот договор се уште не е потпишан, што значи дека валиден е оној стариот, што истекува во јуни 2018 година.
Барса не сака ни да чуе за продажба на најдобриот светски фудбалер, но истото беше случај и за Нејмар, кога ПСЖ не преговараше, туку директно ја плати клаузулата од 222 милиони евра. Во актуелниот договор на Меси клаузулата изнесува 300 милиони евра, пари што богатите газди на Сити без проблем можат да си ги дозволат за да го доведат фудбалскиот генијалец во своите редови.
Пеп Гвардиола важи за еден од омилените тренери на Аргентинецот, што е причина плус Барса да стравува околу заминување на уште една суперѕвезда, што дефинитивно би било погубно за каталонскиот гигант. Затоа, за очекување е во следните денови да се инсистира на потпис на новиот договор. Во спротивно, дури и доколку Меси остане сезонава, доколку не потпише нов договор тој веќе во јануари ќе може да преговара со други клубови, за следниот јули да си замине од „Камп ноу“ без никаква отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА