Барселона чекори сигурно кон нова титула во „Ла Лига“ откако каталонскиот гигант вечерва забележа нова победа, на гостувањето против Алавес со резултат 0-2.
Тренерот Валверде можеше да си дозволи да одмори неколку фудбалери, па така Ракитиќ и Алба воопшто не отпатуваа со тимот, а Меси влезе во игра во 62. минута, откако прашањето на победникот беше решено. Пресуди стартот на второто полувреме, кога младиот Алења го отвори резултатот, пред Суарез од пенал да ги постави конечните 0-2.
Барса има 12 бода предност во однос на Атлетико Мадрид и доколку тимот на Диего Симеоне не слави над Валенсија, каталонскиот гигант уште утре ќе биде прогласен за старо-нов шампион на „Ла Лига“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА