Барселона денеска и официјално ги претстави дресот за наредната сезона, со интересно видео во кое учествуваат и легенди на каталонскиот гигант како Роналдињо, Андрес Иниеста…
„Инспирирано од наследството и од корените на клубот“, стои крај видеото објавено на официјалните канали на Барса на социјалните мрежи. Очигледно е враќање на дизајнот од пред десетина години, со делба на дресот на само два дела, едниот со црвена, другиот со сина боја, наместо досегашните вертикални линии кои беа заштитен знак во последните неколку сезони.
Првите реакции на фановите на Барселона се позитивни, како најава дека новиот дрес ќе биде вистински хит меѓу фановите.
Погледнете го интересниот спот со кој каталонците го презентираа новиот дрес за сезоната 2024/25….
La nueva equipación del Barça para la temporada 24/25.
Inspirada en el legado, la trayectoria y las raíces del Club. pic.twitter.com/6hYtsMYmIM— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) July 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

