Барса ги претстави новите дресови: Навивачите се шокирани, по 44 години – каталонците во боите на Реал Мадрид

Барселона ги изненади своите навивачи со дизајнот на новиот дрес, откако каталонскиот гигант објави дека гостинската гарнитура на опрема ќе биде во бела боја, која вообичаено е заштитен знак на вечниот ривал Реал Мадрид.

Последен пат Барса настапуваше во бела опрема пред 44 години, поточно во сезоната 1978/79 во која каталонскиот гигант го одигра гостувањето од Купот на Победниците на Куповите против англиски Ипсвич.

Претседателот Лапорта ја објасни оваа улога како навраќање на минатото, потсетувајќи дека Барселона во текот на седумдесеттите години редовно имала бела гостинска варијанта на дресовите.

Дизајнот изгледа сосема привлечно, но интересно ќе биде да се види колку оваа комбинација ќе биде атрактивна за навивачите кои вообичаено не жалат пари за да ги имаат дресовите на омилениот клуб.

Се вчитува...