Барселона експресно го реши тренерското прашање по разделбата од Гримау, откако претседателот Лапорта го избра Жоан Пењароја за предводник на каталонскиот гигант во наредната сезона.
Прва желба на каталонците беше Чави Пасквал, но овој трофеен стручњак не ја прифати понудата на својот поранешен клуб решавајќи да остане во Зенит. Од останатите опции се споменуваше и Итудис, но тој се покажа како прескапа опција, па на крајот изборот падна врз Пењароја. Овој стручњак ја почна сезоната на клупата на Басконија, од каде доби отказ по што беше заменет со Душко Ивановиќ. Кога пристигна понудата од Барселона, Пењароја без многу размислување ја прифати, потпишувајќи двогодишен договор со оваа екипа.
Тој веќе ја доставил и листата со желби за засилување на играчкиот кадар, а на самиот врв се наоѓа Кевин Пантер. Американецот има уште една година од договорот со Партизан, но Барса е подготвена да плати соодветна отштета за летово да го доведе овој кошаркар во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА