Каталонскиот гигант Барселона е сериозно заинтересиран за ангажман на белгискиот интернационалец Еден Азар од редовите на Челси. Тренерот Ернесто Валверде и раководството на клубот сакаат да го „украдат“ пред носот на Реал Мадрид и да го доведат на „Камп Ноу“, а веќе има и конкретен план за реализација на оваа идеја.
Барселона го нуди Осман Дембеле, аквизицијата за која плати 100 милиони евра минатото лето, и плус пари, за да го доведе Еден Азар. Белгиецот е проценет на околу 150 милиони евра, колку што понуди и Реал Мадрид. Останува да се види каква ќе биде одлуката на напаѓачот на Челси, дали ќе избере неговата следна дестинација да биде „Сантијаго Бернабеу“ или Камп Ноу“?!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА