Фудбалерите на Барселона со минимална предност ќе го пречекаат Пари Сен Жермен на реваншот на „Монжуик“ откако вечерва на „Паркот на принцовите“ славеа со 2-3.
Откако Каталонците имаа водство од 0-1 по првото полувреме со голот на Рафиња, „светците“ израмнија на 1-1 преку поранешниот фудбалер на Барса, Усман Дембеле во 48. минута. Само три минути подоцна ПСЖ стигна и до целосен пресврт со погодокот на Витиња во 51. минута.
Ново возбудување во мечот донесе Рафиња кој со својот втор погодок во 62. минута по неверојатната асистенција на Педри израмни на 2-2. Данецот Кристенсен по само две минути по неговото влегување во 77. повторно го доведев во водство гостинскиот тим 2-3.
Paris Saint-Germain 2 – [3] Barcelona – Andreas Christensen 77’
byu/ganiganiu insoccer
Атлетико Мадрид со предност од 2-1 ќе патување на реваншот во Германија кај Борусија Дортмунд. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Родриго де Пол уште во 5. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел домаќините зголемија на 2-0 со голот на Лино во 32. минута. Во вториот дел гостите успеаја да постигнат гол кој на реваншот може да се покаже како многу важен преку Себастијан Халер во 82. минута кој ги постави конечните 2-1.
Atl. Madrid 2 – [1] Dortmund – Sébastien Haller 81′
byu/ganiganiu insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА