Ракометарите на Барселона го освоија третото место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, откако во малото финале во „Ланксес арената“ славеа убедливо над Пари Сен Жермен со 37-31.
Избраниците на Раул Гонзалез влегоа разочарано во овој меч по вчерашната елиминација во полуфиналето од Кјелце, а на теренот ги немаше и најдобрите Криштопанс и Стејнс, па уште на полувреме Каталонците имаа огромни плус девет 22-13.
Во вториот дел избраниците на Ортега спуштија некоја брзина подоле, па до крајот ПСЖ успеа само да го ублажи поразот 37-31.
Блаж Јанц со гола беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Саду Н’Танзи заврши со ист број погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА