Барса го „преслуша“ Леванте и се врати на врвот во Ла лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на актуелниот шампион на Шпанија, Барселона го искористија вчерашниот кикс на најголемиот ривал Реал Мадрид и се вратија на првата позиција на табелата во Ла лига откако денеска славеа на домашен терен против Леванте со 3-0 во меч од 25. коло.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Бернал уште во 4. минута од мечот. До крајот на првиот дел беше и 2-0 откако Френки де Јонг успешно стрелаше во 32. минута. Конечните 3-0 ги постави Фермин во 81. минута.

Barcelona 3 – 0 Levante – Fermin Lopez 81'
byu/Puzzled-Category-954 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...