Барселона се зацврсти на второто место во шпанската Ендеса-лига откако вечерва славеше на локалното дерби со Хувентуд, на гостински терен во Бадалона со убедливи 62-80. Ненад Димитријевиќ не настапи на оваа средба поради повредата заработена при настапот за македонската репрезентација, па нашиот плејмејкер од трибините го проследи убедливиот пораз на својот тим.
Барса наметна силно темпо уште од првата четвртина, што каталонскиот гигант ја доби со 12-23 и си го трасираше патот до триумфот. Избраниците на Јасикевичиус потоа одиграа супер-импресивно во одбраната во третата четвртина во која Хувентуд постигна само шест поени (6-20), за домаќините до крајот барем за малку да го ублажат убедливиот пораз добивајќи ги последните десет минути со резултат 24-15.
Миротиќ ги предводеше стрелците на Барселона со 21 поен, Калатес додаде 11, а Болмаро 10 поени за победничкиот тим, додека најефикасни кај Хувентуд беа Басас со 15 и Томиќ со 9 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА