Фудбалскиот клуб Барселона го загуби судскиот спор против Зенит од Санкт Петербург откако беше одбиена жалбата на каталонскиот гигант во врска со трансферот на Малком во рускиот клуб.
Имено, во тој договор имаше клаузула според која Зенит ќе плаќа по 490.000 евра секогаш кога овој клуб ќе е пласира во ЛШ, а Малком ќе одигра најмалку 50% од натпреварите за „сино-белите“ од Санкт Петербург. Проблемот се случи кога Барселона си ги бараше парите и за сезоната во која Зенит се пласираше во ЛШ, но не учествуваше во елитното натпреварување како дел од санкциите на УЕФА кон сите руски клубови поради инвазијата во Украина.
Случајот заврши пред Спортскиот суд во Лозана, кој донесе конечна одлука дека Зенит нема обврска да ја плати клаузулата кога фактички не играл во ЛШ.
„Зенит не е виновен за руската инвазија во Украина, ниту пак треба да плаќа дополнително за последиците од санкциите изречени врз овој клуб“, се вели во одлуката на Судот во Лозана.
Рускиот клуб во меѓувреме го продаде Малком во редовите на Ал Хилал за сума од 60 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА