Барселона и Бетис повлекоа невообичаен потег за шпанскиот фудбал откако заеднички го договорија трансферот на бразилското „чудо од дете“ Емерсон. Овој 20-годишен дефанзивец се наоѓаше и на листата со желби на Ливерпул и на Челси, но неговиот клуб Атлетико Минеиро ја прифати понудата од 12 милиони евра што заеднички ја испратија двата шпански прволигаши.
Според нивниот интерен договор, Емерсон следните шест месеци сигурно ќе ги мине во Бетис, а постои можност да го продолжи престојот во клубот од Севилја за дополнителни две години. Доколку Барса во меѓувреме сака да го донесе на „Камп ноу“ ќе треба да ги плати шесте милиони евра што Бетис ги вложи во трансферот, заедно со ниска „камата“.
Емерсон настапува на позицијата десен бек, каде Барса во моментов ги има Семедо и Серхио Роберто, но 20-годишниот Бразилец со оглед на потенцијалот и возраста претставува добра инвестиција во иднината, особено ако се земе во предвид дека и неговата цена не е превисока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА