Барса и Интер одиграа епски меч, финалистот ќе биде познат на „Меаца“ (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар ни приредија фудбалерите на Барселона и Интер (3-3) на „Монџуик“ во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

„Нероаѕурите“ поведоа со 0-1 преку Турам уште во 30. секунда. Во 21. минута гостите стигнаа до позитива и од 0-2 со феноменалниот гол на Думфрис.

Само три минути подоцна Ламин Јамал со феноменален погодок ја врати надежта на Каталонците откако намали на 1-2. До крајот на првиот дел домаќините целосно се вратија во мечот (2-2) со погодокот на Феран Торес во 38. минута.

Barcelona [2] – 2 Inter – Ferran Torres 38'
byu/ayoefico insoccer

Откако првото полувреме заврши 2-2, двата тима ни приредија вистински спектакл и во вториот дел. Думфрис со својот втор гол на мечот 64. минута, додека само минута подоцна Рафиња со спектакуларен гол израмни на 3-3.

Barcelona 2 – [3] Inter – Denzel Dumfries 63'
byu/ayoefico insoccer

Barcelona [3] – 3 Inter – Y. Sommer 65'
by insoccer

Се вчитува...