Барса и со играч повеќе се намачи да ја победи Осасуна (ВИДЕО)

Барселона направи нов чекор кон шампионската титула, откако вечерва на „Ноу Камп“ ја совлада Осасуна едвај со 1-0 со гол во последните мигови од мечот.

Барса важеше за голем фаворит, а се чини дека победата веќе беше „обезбедена“ во 27. минута откако гостите останаа со играч помалку и драстично се зголемија шансите за лидерот на табелата да дојде до триумф. Долго време го бараше патот до голот, за да го најде „џокерот“ Жорди Алба дури во 85. минута од средбата.

Со тоа Барса ја зголеми разликата од Реал на 14 бодови на пет кола до крајот од првенството.

Во вториот натпревар Алмерија го совлада Елче со 2-1. Баптистао и Ембарба донесоа 2-0, а Елче во 90. минута намали преку Понце.

Се вчитува...