Барса има нов проблем – Циндриќ си ги бара парите за да си замине од клубот

Финансиската криза им создава сериозни проблеми на челниците на Барселона, кои се приморани да ги кратат трошоците во сите секции, што најчесто значи и заминување на клучни играчи. Во кошаркарскиот тим тоа е Никола Миротиќ, а ситуацијата се повторува и во ракометниот колектив на Барса, каде управата се обидува да најде начин да го раскине договорот со Лука Циндриќ.

Имено, колективниот план на претседателот Лапорта налагал ракометниот клуб да го намали буџетот за 750.000 евра во однос на лани. Тоа е речиси целата сума што Барса како бруто-плата би му ја исплатила на Циндриќ, па уште пред неколку месеци беше најавено дека Хрватот летово ќе го напушти таборот на каталонскиот гигант. Сепак, тие разговори не одат нималку лесно бидејќи Циндриќ има уште две години од договорот со каталонците и не сака ни да чуе за заминување без да биде исплатен.

Тој си ги бара парите од договорот и иако е јасно дека нема да ја доби целата сума, очекува барем исплата за една од двете сезони. Каталонците засега одбиваат да платат, па разговорите се одолговлечија.

„Веќе неколку месеци разговараме со агентот на Циндриќ и нашата цел е јасна – Лука да си замине од клубот поради проблемите што ги имаме и неопходноста да го намалиме буџетот за палти за наредната сезона. Од друга страна, Лука сака да остане, но ние сме решени тој да си замине. Ќе видиме како тоа ќе се одрази на финансиски план, но наша цел е Циндриќ повеќе да не биде дел од клубот“, изјави директорот Марин уште минатиот месец.

Се вчитува...