Барселона не успеа во својата намера да го доведе Марко Верати од ПСЖ, но каталонските медиуми имат „План Б“ за освежување на средниот ред. Миралем Пјаниќ е новата голема желба на каталонскиот гигант, откако на барање на Ернесто Валверде челниците на Барса веќе почнале да ја подготвуваат понудата за босанскиот репрезентативец.
Првата понуда на Барселона ќе изнесува 60 милиони евра, но за очекување е истата да биде одбиена од страна на Јувентус, бидејќи „старата дама“ ќе се обиде да заработи барем уште десетина милиони евра плус од продажбата на својот ас. Италијанскиот првак потоа за околу 30 милиони евра би го довел Миралем Пјаниќ, па „старата дама“ би можела во истиот буџет да го вклучи и Бернардески, за кого Фиорентина бара 40 милиони евра.
Барселона во меѓувреме ги продолжување и преговорите за ангажман на Паулињо од Киња, но дури и доколку Бразилецот пристигне на „Камп ноу“ тренерот Валверде инсистира на доведување на уште еден креативец во средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА