Барселона успеа да го доведе Дани Олмо, каталонскиот гигант се уште се мачи да направи простор во буџетот за да го регистрира екс-фудбалерот на Динамо Загреб, но Жоан Лапорта не планира да застане со засилувањата за овој преоден рок.
Каталонците се цврсто решени да доведат и врвен крилен фудбалер на „Камп Ноу“, а откако Нико Вилијамс реши да ја одбие понудата и да остане во Барселона шрвиот човек на клубот веќе има подготвено „план Б“ за да го реши проблемот. Кингсли Коман делува како идеално решение за каталонците, откако на овој фудбалер му беше ставено до знаење дека не е дел од плановите на новиот тренер на Баерн, Винсен Компани.
Проблем за баварците е што нема заинтресирани купци за Французинот, па Баерн е подготвен да прифати и позајмица, нешто што најмногу одговара токму на Барселона. Каталонците така би потрошиле максимум до пет милиони евра за позајмицата и би требале само уште да најдат простор во буџетот за плати, нешто што мора најпрвин да биде случај и со Дани Олмо.
За таа цел ќе треба да бидат продадени или позајмени најмалку два до три фудбалери од сегашниот ростер, а според каталонските медиуми тоа ќе бидат Витор Роке, Ленгле и Ерик Гарсија. Ленгле и Гарсија денеска беа регистрирани во Ла Лига за да можат да бидат во комбинација за настап во првото коло против Валенсија, но каталонците ќе настојуваат да ги продадат двајцата дефанзивци до крајот на овој преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА