Барселона се подготвува за доведување на нови фудбалери во летниот преоден рок, но освежувањето на навалната линија ќе значи и „жртвување“ на големото засилување од минатото лето.
Во ситуација кога Меси и Суарез се недопирливи, а се најавува доаѓа на Антоан Гризман, повеќе од јасно е дека Осман Дембеле не може да се надева на стандарден првотимски статус. Каталонците подготвуваат офанзива за Гризман, за чии услуги ќе му понудат на Атлетико Мадрид 100 милиони евра, се со цел дополнително да го засилат својот напад. Самиот Французин е заинтересиран за овој трансфер, одбивајќи ја понудата од Манчестер јунајтед, па според каталонските медиуми Гризман би можел да потпише за Барса веднаш по завршувањето на сезонава, пред почетокот на СП во Русија.
Тоа само по себе ќе значи зелено светло за заминување на Дембеле. Играчот за чии услуги беа платени 120 милиони евра минатото лето не ги оправда очекувањата, а каталонците немаат трпение за да му дадат нова шанса како дел од напаѓачкото трио. Челниците на Барса се свесни дека никој нема да понуди ни приближна сума на онаа што тие лани ја платија, па како опција се наведува позајмица на една или две години што би била платена најмалку десет милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА