Барса има рок од осум дена или Гиндоган ќе го раскине договорот

Шпанскиот шампион Барселона сè уште не успеа да го регистрира Илкај Гундоган за новата сезона, па поради тоа би можел да биде раскинат договорот ако пред почетокот на Ла Лига не се средат документите.

Финансиските проблеми со кои се соочува каталонскиот гигант прават нови проблеми, а доколку не успеат да ги средат документите Каталонците би останале без новото засилување кое дојде како слободен фудбалер од Манчестер сити.

Во договорот на Гиндоган стои дека тој мора да биде регистриран максимум до 12. август, а доколку тоа не се случи тој може да потпише со било кој друг клуб во светот.

Се вчитува...