Барселона немаше премногу простор за маневар на пазарот во овој преоден рок, но каталонците неочекувано пред самиот крај на август ќе останат и без еден од најталентираните фудбалери во својот тим. Ансу Фати е решен да си замине и за ваквата одлука ја информираше управата на Барса пред речиси цел месец, но ставот на Лапорта беше дека големиот талент нема да си замине од „Камп Ноу“.
Во меѓувреме очигледно работите се променети бидејќи Барса не само што ќе дозволи Фати да го напушти клубот, туку и нема премногу да заработи на бидејќи ќе го испрати на позајмица на една година. Целта е јасна, да се ослободи простор во буџетот за плати, да може да се регистрира Кансело и уште едно засилување за средниот ред што би требало да биде доведено до крајот на преодниот рок. Фати има бруто плата од 14 милиони евра по сезона, а неговото заминување е „жртвата“ што Барселона мора да ја направи за да може да доведе нови играчи на „Камп ноу“.
Заинтересирани клубови за Ансу Фати има неколку, но лидер во трката во моментов е Тотенхем, клуб што е во потрага по нов напаѓач по заминувањето на Хари Кејн. „Спарси“ се подготвени целосно да ја покријат платата на Фати од Барселона, но и да платат околу 10 милиони евра за едногодишна позајмица, но инсистираат во договорот да биде вметната и клаузула со сума за која следното лето би можеле целосно да го откупат неговиот договор со каталонците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

