Јувентус фрли око на Роналд Араухо како идеално засилување за одбранбената линија на „старата дама“, но италијанскиот гигант ќе има големи проблеми да најде заеднички јазик со Барселона за овој трансфер.
„Црно-белите“ веќе ја испратиле и првата понуда, и тоа за позајмица вредна 10 милионни евра со клаузула за откуп на крајот од сезоната. Одговорот од Каталонија пристигнал експресно – Араухо не е за продажба, како јасна порака дека Жоан Лапорта не е подготвен да се раздели од уругвајскиот дефанзивец во овој преоден рок.
Тренерот Флик бил импресиониран од лидерските способности на овој фудбалер, но клучна за неговата иднина ќе биде одлуката дали тој ќе потпише нов договор со Барса. Сепак, Лапорта нема намера да брза, договорот на Араухо истекува во јули 2026 година, а првиот човек на Барселона е оптимист дека во наредните месеци ќе биде пронајден заендички јазик за Уругваецот да потпише договор до 2030 година.
Доколку тоа не се случи до крајот на оваа сезона, Араухо сигурно ќе биде продаден во текот на летото, но Барселона нема намера да го продаде овој одличен дефанзивец во јануарскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА