Клемен Ленглет ќе биде засилувањето за одбранбената линија на Барселона откако каталонскиот гигант реши да плати 35 милиони евра и да ја активира клаузулата за раскин на неговиот договор со Севилја. Французинот имаше одлични настапи во дресот на Севилја минатата сезона, а фактот дека беше достапен за 35 милиони го направи интересен за неколку клубови.
Барса беше најактивна на ова поле, најпрвин го убеди фудбалерот на преселба на „Камп ноу“, а откако ги договори условите со него, денеска и официјално ја уплати сумата за активација на клаузулата за раскин. Ленглет утре наутро ќе пристигне во каталонската престолнина, каде по лекарските прегледи и официјално ќе потпише петгодишен договор со Барсселона.
Неговото доаѓање речиси сигурно значи и заминување на Јери Мина. Колумбиецот одигра одлично на СП, но Ернесто Валверде не е задоволен од она што го виде од него во претходните шест месеци и ќе даде зелено светло за трансфер. Најблизу до ангажман на Мина во моментов е англискиот премиерлигаш Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА