Барса ја потврди лошата вест: Макуц ќе ја пропушти цела сезона

Повредата што Домен Макуц ја заработи на стартот од турнирот во Добој, на дуелот со Валенсија, е максимално сериозна и ракометарот на Барселона ќе мора долго време да отсуствува од терените.

Ова по деталните прегледи го потврди и неговиот клуб, преку клупско соопштение објавувајќи дека младиот Словенец ќе ја пропушти целата наредна натпреварувачка сезона.

„Деталните прегледи само ги потврдија најлошите прогнози, станува збор за кинење на латералните и на вкрстените лигаменти во коленото на левата нога. Макуц ќе биде опериран на 23 август, а рехабилитацијата ќе трае меѓу девет и дванаесет месеци“, објави каталонскиот гигант.

Макуц беше предвиден за стартен среден бек во Барса по заминувањето на Лука Циндриќ, па останува да се види дали Барселона ќе се активира на пазарот и ќе донесе соодветна замена за овој ракометен суперталент.

Се вчитува...