Барса ја пукна „бомбата“: Дани Олмо доаѓа за 55 милиони евра!

Барселона остана без Нико Вилијамс, но управата на каталонците успеа да договори друго супер-засилување за тимот на Ханси Флик. Дани Олмо ќе биде нов член на Барса, откако пред многу години си замина од младинската школа „Ла Масија“, преку Динамо Загреб и Лајпциг, за сега конечно повторно да го облече дресот на каталонскиот гигант.

Две понуди веќе беа одбиени, но последната рунда разговори одржани во Барселона конечно вродија со плод. Лајпциг долго време инсистираше на загарантирани 60 милиони евра, но германскиот клуб на крајот се задоволи со 55 милиони евра загарантирана сума, плус седум милиони евра врзани со неколку клаузули.

Самиот Олмо не ја криеше желбата од бројните заинтресирани клубови да заигра токму за Барселона. Тој веќе ги има договорено личните услови и ќе потпише договор до јуни 2030 година.

Се вчитува...