Барселона е лидер на табелата во Ла Лига, но тренерот Ханси Флик веќе побарал од управата да му биде доведен нов дефанзивец што би ја зголемил конкуренцијата во овој дел од тимот.
Неизвесната иднина на Араухо прави исполнувањето на оваа желба на тренерот да биде приоритет за директорот Деко, кој веќе почна преговори со искусен играч кој без многу проблеми би се вклопил во тимот. Станува збор за Никлас Отаменди, 38-годишниот Аргентинец кој настапува за Бенфика.
Договорот на дефанзивецот со португалскиот гигант истекува на крајот од сезонава, па тој би бил достапен во јануари 2026 за отштета не повисока од два милиони евра.
Воедно, Отаменди не би барал загарантиран првотимски статус, а Барса би можела да му понуди договор на 18 месеци, овозможувајќи му да ја заврши кариерата токму во каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

