Барселона го декласира Реал Мадрид со 5-1 во најголемото дерби на шпанскиот и на европскиот фудвал, популарното „Ел Класико“. Иако каталонскиот тим беше без повредениот Лионел Меси, сепак, демонстрираше завиден квалитет, и сосема заслужено ги победи „кралевите“. За првпат во историјата беше употребен и ВАР – системот, кој ’пресуди’ дека има пенал за Барса, што го реализираше Луис Суарез.
Чилеанецот беше главен актер на големото дерби во отсуство на Лионел Меси. Постигна хет – трик и речиси сам ја растури одбраната на актуелниот европски првак. Тој беше незадржлив за Серхио Рамос и Рафаел Варан, кои имаа уште едно очајно издание.
Фелипе Кутињо во 11.минута ја начна мрежата на Реал Мадрид. Во 30.минута, со помош на ВАР – системот, судијата Санчез досуди пенал за Барселона, а го реализираше Луис Суарез.
Марсело намали на почетокот на вториот дел на 2-1, но потоа следуваше нова канонада на каталонскиот тим. Луис Суарез постигна уште два гола комплетирајќи хет – трик, а на крајот и Артуро Видал се запиша меѓу стрелците, за конечни 5-1 и огромен триумф на Барселона против вечниот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА