Страшна оваа е Барселона на Ернесто Валверде, а потврда за тоа е и вечерашниот триумф во Сан Себастијан, каде каталонскиот клуб немаше победа цела деценија. Но, Меси, Суарез и другарите овој пат успеаја да слават со 2-4, и тоа откако Реал Сосиедад прв поведе со 2-0.
Вилијан Хозе и Хуанми донесоа завидна предност за домаќинот, но тоа ништо не значи ако ривалот од спротивната страна е Барселона. Паулињо намали на 2-1 пред крајот на првиот дел, а потоа на сцена стапи тешката артилерија. Луис Суарез со два гола направи целосен пресврт, а точка на триумфот стави Лионел Меси со прекрасно изведен слободен удар.
Барселона по 19 кола има девет бода предност на врвот пред Атлетико Мадрид, и огромни 19 бода повеќе од лутиот ривал Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА