Барселона по секоја цена сака да се ослободи од голманот Марк-Андре тер Штеген, но тој е одлучен во намерата да остане до крајот на договорот до 2028 година, и да се бори за место во првиот тим, и покрај тоа што „единицата“ му е ветена на Хоан Гарсија кој пристигна од Еспањол.
Сега Барса му задава нов „удар“ на германскиот голман, и ќе му ја одземе и капитенската лента, со што тој повеќе нема да биде меѓу капитените.
Идниот капитен ќе го одлучи тренерот Ханс Флик, а тој ќе треба да бира помеѓу Ињиго Мартинез, Френки де Јонг, Араухо, Педри или Рафиња.
И покрај интересот од неколку клубови за Тер Штеген, сепак, Германецот засега одбива трансфер. Ја пропушти целата мината сезона поради повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

