Барса му зеде мерка на Реал Мадрид во Копа дел реј

Барселона е освојувач на кошаркарскиот Копа дел реј откако во денешното финале во Мадрид каталонскиот гигант ги декласираше „кралевите“ со убедливи 73-88.

Избраниците на тренерот Јасикевичиус целата работа ја завршија уште во првото полувреме, во кое го декласираа противникот со убедливи 31-52. И покрај обидите на „кралевите“ за камбек, каталонскиот гигант рутински си ја одработе задачата и ја задржа убедливата предност се до самиот крај и конечните „плус петнаесет“.

Кори Хигинс беше прв стрелец на Барса со 20 поени, 13 поени постигна Смитс, додека Калатес реализираше 12 поени и девет асистенции за Барса. Најефикасни кај Реал Мадрид во денешното куп-финале беа Таварес со 17 и Абалде со 15 поени.

Се вчитува...