Нелсон Семедо е одговорот на проблемите на Барселона со позицијата десен бек, откако каталонскиот гигант експресно ги договори деталите од трансферот на португалскиот репрезентативец. Делегацијата на Барса отпатува за Лисабон, каде за неполни 48 часа постигна целосен договор со Бенфика и со фудбалерот за реализацијата на овој трансфер, се со цел Семедо што поскоро да му се стави на располагање на тренерот Ернесто Валверде.
Како што јавуваат каталонските медиуми, Бенфика ќе заработи 30 милиони евра од продажбата на овој фудбалер, додека Семедо ќе потпише петгодишен договор за плата од четири милиони евра по сезона.
Со ова, станува јасно дека Барселона нема да ја повтори ланската грешка кога Енрике не сакаше да купи замена за Дани Алвеш, неуспешно експериментирајќи со Серхио Роберто како десен бек. Прва опција за каталонците беше доведување на Белерин од Арсенал, но откако не успеаја во тоа тие се насочија кон Семедо, комплетирајќи го трансферот на Португалецот на „Камп ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА