Весели не е на продажба ниту за милион евра

Европските кошаркарски гиганти продолжуваат со пополнување на ростерите за новата сезона, но како што стојат работите Јан Весели нема да биде меѓу играчите кои летово ќе ги променат клупските бои. Барселона летово го доведе Вили Хернангомез и се веруваше дека овој трансфер може да придонесе чешкиот центар да се најде на излезната врата, но управата на каталонскиот гигант има сосема поинакви планови.

Од клубот веќе си заминаа Шанли (Фенербахче) и Тоби (Црвена Звезда), но каталонците сакаат да го задржат Весели и воопшто не размислуваат за негов трансфер. Панатинаикос и Партизан покажаа сериозен интерес за овој кошаркар, грчкиот гигант дури испратил и понуда од еден милион евра, но истата била експресно одбиена од страна на каталонците.

Весели минатото лето потпиша тригодишен договор со Барселона и речиси сигурно ќе остане во новиот клуб. Партизан вчера потпиша нов договор со Балша Копривица, но „црно-белите“ ја продолжуваат потрагата по врвен центар кој би го наследил Лесор во тимот. Како опција беше споменуван и Џош Нибо, но американскиот центар на крајот сепак се реши да потпише нов договор со Макаби.

Што се однесува до Панатинаикос, следно име на листата со желби на тренерот Атаман е Токи Шенгелија, кој се наоѓа на излезна врата од Виртус Болоња.

Се вчитува...