Фудбалерите на Барселона не го искористија киксот на Реал Мадрид, откако само ремизираа 1-1 на домашен терен против Реал Бетис во последниот меч од денешната понуда од 30. коло во Ла лига.
Домаќините стигнаа до водство од 1-0 уште во 7. минута со голот на Гави на асистенција на Феран Торес. Само осум минути подоцна гостите израмнија на 1-1 преку Натан.
До крајот изненадувачки мрежите мируваа, па двата тима си поделија по еден бод.
Barcelona 1 – [1] Real Betis – Natan 17'
byu/ayoefico insoccer
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА