Барселона се обидува да ги намали трошоците на клубот на различни начини, но тоа воопшто не е лесно. Целта на каталонците е да ги намалат платите на играчите за следната сезона, со продажба на некои играчи или да им дозволат да си заминат без обештетување, се со цел да биде спуштен буџетот за плати што во моментов е огромен.
Каталонските медиуми тврдат дека токму овие финансиски проблеми се главната причина поради која не се официјализира новиот договор со Меси, но и не можат да бидат регистрирани новите засилувања Агуеро, Гарсија и Депај, кои ќе добијат зелено светло од Ла Лига дури откако Барса ќе ги намали огромните трошоци на име плати на фудбалери.
Токму поради ова веќе беше испратена понуда до Миралем Пјаниќ и до Самуел Умтити двајца фудбалери да добијат раскин на договорот и потоа како слободни играчи да си побараат нов клуб. Сепак, ниту Пјаниќ ниту Умтити не се заинтересирани за ваква опција, па најверојатно ќе бараат и дополнителни пари како отпремнина, опција што не му оди во прилог на претседателот Лапорта.
Кутињо во последните две години е огромен проблем за Барса поради платата од 14 милиони евра „нето“. Станува збор за сума што ниту еден од заинтересираните клубови за Бразилецот не е подготвен да ја покрие, па дури и во случаите на позајмица Барселона плаќаше дел од платата на екс-играчот на Ливерпул.
Антоан Гризман е уште еден од играчите при самиот врв на листата на најплатени кои се наоѓаат меѓу оние кои Барса ќе се обиде да ги продаде. Французинот се споменува како „план Б“ на Манчестер Сити доколку не успее да дојде до Кејн, како опција беше и ПСЖ, но само доколку Мбапе летово си замине од „Паркот на принцовите“.
Осман Дембеле е уште едно промашено засилување на кое каталонците потрошија над 100 милиони евра, инвестиција што се покажа како неоправдана. Французинот влегува во последната година од договорот, Барса по ангажманите на Депај и на Агуеро јасно стави до знаење дека има доволно опции во нападот, но повредата на Дембеле заработена на ЕВРО 2020 сериозно ја компликува неговата продажба, што е голем проблем ако се знае дека тој следното лето ќе може да си замине без никаква отштета.
Barcelona have offered to release Miralem Pjanic on a free transfer just a year after buying him.
Who should sign him? 🇧🇦 pic.twitter.com/miXqYtZSdO
— Goal (@goal) July 4, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА