Барселона ја продолжи победничката низа во шпанското првенство откако во 7. коло славеше на домашен терен со 2-1 против Реал Сосиедеад.
Гостите први поведоа со голот на Одриозола во 31. минута од средбата, но веќе во 43. минута преку Кунде Барселона изедначи на 1-1.
За целосен пресврт се погрижи Левандовски кој во 59. минута постигна гол на асистенција на Јамал.
Со овој триумф Барселона се врати на првата позиција на табелата со 19 освоени бодови, еден повеќе од Реал Мадрид.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

