Ханси Флик нема да може да смета на Ламин Јамал ниту по завршувањето на репрезентативната пауза, откако крилниот офанзивец не успеа целосно да ја санира повредата поради која не настапи за Шпанија во ноемврискиот репрезентативен прозорец.
Јамал се повреди неколку дена пред репрезентативната пауза, не настапи на мечот со Реал Сосиедад што Барселона го загуби, но тренерот Флик се надеваше дека клучниот играч ќе биде назад во тимот по паузата. Состојбата на младиот бисер е значително подобрена, но клупските лекари препорачале дека тој сепак ќе мора да мирува целосно уште неколку дена за да не дојде до обновување на стариот проблем.
Ова практично значи дека Јамал ќе го пропушти следниот меч со Селта во Виго, а дополнително ќе се утврди дали тој ќе може да настапи на наредниот дуел од Лигата на Шампионите, во кој Барса на домашен терен ќе го пречека француски Брест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА