Барса „осакатена“ за првиот меч од 2022 година

Барселона ќе биде сериозно ослабена за премиерниот дуел од 2022 година, во која каталонскиот гигант ќе се сретне со екипата на Мајорка.

Нападот веќе е премногу ослабен со повредите на Ансу Фати, Мемфис Депај и на Бреитвајт, а поради повреди во комбинација нема да бидат ниту Педри и Серхио Роберто.

Покрај овие петмина фудбалери, Чави нема да може да смета ниту на Бускетс и на Гави, кои поради суспензија ќе го пропуштат првиот меч во новата година.

Како тоа да не беше доволен проблем, па коронавирусот навлезе во таборот на каталонскиот гигант. Дани Алвеш е позитивен и ќе мора да почека на својот камбек во „сино-црвениот дрес“, денеска позитивен беше и Жорди Алба, а од истата причина во тимот против Мајорка ќе го нема ниту Ленгле.

Се вчитува...