Барса остана без двајца важни играчи за дербито со Атлетико

Барселона ќе биде сериозно ослабена за утрешниот меч од Купот на Шпанија протви Атлетико Мадрид откако Ханси Флик обелодени дека нема да може да смета на услугите на Рафиња и на Маркус Рашфорд.

Рафиња се повреди минатата седмица и го пропушти последниот меч на каталонците, на кој неговото место во тимот му припадна токму на Рашфорд. За жал на Флик, Рашфорд се здобил со удар за време на тој дуел, па англискиот офанзивец воопшто не тренираше и утре нема да биде дел од тимот против Атлетико.

„Маркус нема да може да игра, имаше удар и се уште чувствува силна болка. Ќе го немаме ниту Рафиња, кој воопшто нема тренирано со остатокот од тимот по повредата“, изјави Флик.

Првиот дуел од полуфиналето на Копа дел реј меѓу Атлетико Мадрид и Барселона се игра утревечер во 21 часот на „Ванда Метрополитано“.

Се вчитува...