Барселона ќе мора да се снаоѓа во клучниот дел од сезонава без помошта на Алехандро Балде, по повредата што стандардниот лев бек ја заработи на синоќешниот дуел со Леганес.
Балде морашше да биде заменет, а Барса со денешното соопштение потврди дека станува збор за проблем со бутниот мускул. Официјалното соопштение немаше и прогноза за евентуалниот камбек, но шпанските медиуми најавија дека дефанзивецот ќе мора да паузира најмалку три седмици од терените.
Ова значи дека тој не само што ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето за ЛШ против Борусија Дортмунд, пресметките од Ла Лига со Селта и со Мајорка, туку Балде речиси сигурно нема да настапи ниту на финалето од Копа дел реј против Реал Мадрид закажано за 26 април.
Позицијата лев бек е една од најслабо покриените во тимот на Барса, па се очекува тренерот Флик да му даде шанса на Жерар Мартин, 23-годишниот фудбалер кој е регистриран со Б-тимот на каталонците, но сезонава веќе имаше неколку настапи за првата екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА