Фудбалерите на Барселона се познати по честите критики кон судиите по средбите во Примера, но каталонците сега би можеле трендот да го продолжат и во Лигата на шампионите. Имено, членовите на каталонскиот гигант биле шокирани кога дознале деа за главен судија на дуелот во Торино меѓу Јувентус и Барселона бил именуван Шимон Марсинјак од Полска.
Имено можеби не е премногу познато, но каталонците многу добро го паметат бидејќи токму тој ја делеше правдата на пресметката меѓу ПСЖ и Барселона на „Паркот на принцовите“ во Париз, каде избраниците на Луис Енрике загубија со убедливи 4-0. По тој меч и Енрике и неколку фудбалери на Барса го критикуваа Марсинјак поради нееднаков критериум.
Челниците на Судиската организација при УЕФА сепак не го зедоа тоа во предвид, па го избраа токму Полјакот и за следниот гостински нокаут-натпревар на Барселона во ЛШ.
Треба да се истакне и дека Марсинјак сезонава водеше и еден натпревар на Јувентус, на гостувањето против Лион, каде го исклучи Лемина, но „старата дама“ и со играч помалку успеа да стигне до победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА