Барселона при секоја репрезентативна пауза губи барем по еден играч што се повредува при настап за својата национална селекција, а исклучок не беа ниту синоќешните натпревари. Каталонските медиуми повторно се жалат на „Вирусот ФИФА“ од кој Барса секогаш пати при репрезентативните собири, по повредата што Андреас Кристенсен ја заработи на мечот меѓу Данска и Финска.
Кристенсен беше стартер за Данска на синоќешниот дуел со Финска, но одличниот дефанзивец мина на теренот само 17 минути, пред да биде заменет поради повреда. Деталните прегледи покажаа кинење на мускулни влакна и пауза од најмалку три седмици, што е уште еден од низата проблеми за тренерот Чави.
Титулата е речиси осигурана, но проблем за каталонците е што Данецот ќе го пропушти реваншот од полуфиналето во Копа дел реј против Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

