Повредата што Пау Кубарси ја заработи на синоќешниот дуел меѓу Холандија и Шпанија предизвика бура во шпанската јавност откако Барселона влезе во отворен конфликт со селекторот Луис де ла Фуенте поради неговото инсистирање да го задржи младиот дефанзивец во репрезентативната база.
Селекторот планираше да му даде шанса да докаже на Кубарси дека може да настапи на неделниот реванш, но каталонците сметаа дека тоа е преголем ризик за 18-годишниот фудбалер кој веќе одиграно премногу натпревари оваа сезона. Следеше бурна преписка на двете страни, по што вечерва беше објавено дека Кубарси ја напушта репрезентативната база и нема да биде во комбинација за настап на реваншот против Холандија.
„По деталните тестови извршени од медицинскиот тим, одлучено е фудбалерот Пау Кубарси да се врати во неговиот клуб Барселона, за да ја санира повредата на зглобот на десната нога“, објави Шпанската Фудбалска Федерација.
Барса ја очекува пеколен ритам натпревари ако се знае дека каталонците веќе на 27 март мора да го одиграат одложениот меч против Џирона, за 30 март е закажан домашниот меч со Џирона, по кој ќе следи реваншот од полуфиналето на Копа дел реј против Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА