Екипата на Црвена звезда забележа фантастична победа над фаворитот Барселона во второто коло од Евролигата, со конечен исход од 90-82. Во прекрасната атмосфера во арената „Пионир“, кошаркарите на Звезда го остварија првиот триумф за сезонава, Барселона ќе мора да се помири со првиот пораз по два натпревари. Одличен во таборот на победничкиот тим беше нашиот Перо Антиќ, кој во првото полувреме доминираше под обрачите со девет скока, за на крајот токму еден скок да му недостига за дабл дабл учинок.
Избраниците на Алимипијевиќ фуриозно тргнаа во напад уште на стартот од средбата, но раната предност беше заслуга на агресивната одбрана. Играчите на Барселона како да беа импресионирани од атмосферата, па „црвено – белите“ успеаја да ги задржат гостите на само 13 поени во првиот период. Расположени кошаркарите на домашниот состав во неколку наврати имаа двоцифрена предност во текот на втората четвртина, пред се преку тројката на Антиќ, но и двете по ред на Рочести кон крајот на периодот, на па паузата тимот од Белград замина со 12 поени предност, односно 44-22.
Барселона се обиде да одговори на пресингот од Звезда во третата четвртина, па домаќините си создадоа проблеми во самиот крај на периодот, за само една минута дозволија пет поени во својот кош за неизвесна завршница. Кошаркарите на Црвена звезда се обидуваа да го задржат минималното водство во последните 10 минути од средбата, но во завршните три минути Барса конечно поведе по серија од 7-2 и 80-79 за гостите. Сепак, Звезда не потфрли кога беше најпотребно, и успеа да ја оствари заслужената победа. Барселона пружи одличен отпор, но домашните кошаркари вечерва се надминаа себеси во полната сала „Пионир“.
Перо Антиќ имаше одличен настап со 10 поени и 9 скока, кои ги оствари во првото полувреме. Тејлор Рочести покрај Македонецот ги предводеше „црвено – белите“ со 18 поени и 7 асистенции, а Лесор заврши со 13 поени и 9 скока.
За гостинската екипа најефикасен беше Кевин Серафин со 16 поени, Томас Хертел додаде 14, додека Ханга и Томиќ поделија по 10 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА