Барселона и Зенит постигнаа договор околу трансферот на бразилскио интернационалец Малком. Рускиот тим за услугите на Бразилецот, на Каталонците ќе им исплати 40 милиони евра, плус 5 милиони евра бонуси кои ќе бидат исплатени доколку Малком ги исполни очекувањата во Сант Петербург.
Малком во Барселона стигна минатот лето, од редовите на Бордо за сума од 45 милиони евра, кога „каталонскиот гигант“ во последен момент го украде од Рома. Сепак, тој не се снајде најдобро на „Камп ноу“ каде забележа 24 настапи на кои постигна само четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА