Барселона ги отстрани сите дилеми околу иднината на Лионел Меси, обелоденувајќи дека се договорени сите детали за продолжување на договорот. Со новиот договор, најдобриот светски фудбалер ќе остане дел од каталонскиот гигант до 2021 година, a клаузулата за негово заминување е поставена на 300 милиони евра.
„Горди сме што можеме да објавиме дека Лионел Меси ќе потпише нов договор со Барселона, со што се става крај на сите шпекулации околу неговата иднина. Тој моментно се наоѓа на одмор со своето семејство, а веднаш по враќањето назад во Шпанија ќе го стави својот потпис на договорот, што ќе биде со важност до 2021 година“ – порачаа од раководството на Барселона.
Целта е јасна, Барса предводена од новиот тренер Валверде и од Меси на теренот да се обиде да се врати на тронот на европскиот и на шпанскиот фудбал, каде моментно се наоѓа големиот ривал Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА